Британскиот премиер: Европа мора да преземе поголема улога во НАТО

Британскиот премиер Кир Стармер нагласи синоќа дека Европа мора да има поголема улога во НАТО и дека неговата земја ќе работи да ги задржи САД и Европа заедно и дека не треба да дозволат поделбите да ги одвратат од „надворешните непријатели“, јави Би-Би-Си.
Коментарот на Стармер дојде откако претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина на Минхенската безбедносна конференција претходно во саботата изјави дека за Европа нема да има место на маса во мировните преговори за Украина.
Се очекува во наредните денови високи претставници од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да започнат мировни преговори со руски и украински преговарачи во Саудиска Арабија.
Франција разговара со своите сојузници за можноста за одржување неформален состанок на европските лидери за Украина, а четворица европски дипломати изјавија дека средбата најверојатно ќе се одржи в понеделник.
Според Би-Би-Си, се очекува Стармер да присуствува на состанокот во Париз.
„Европа мора да преземе поголема улога во НАТО додека работиме со САД за да ја обезбедиме иднината на Украина и да се спротивставиме на заканата од Русија“, рече Стармер, пренесе Би-би-си.
Медиумот, исто така, ја цитираше изјавата на Стармер дека Британија „ќе работи да ги задржи САД и Европа заедно“.
Стармер додаде дека двете земји не можат да дозволат какви било поделби во алијансата да го одвлечат вниманието од надворешните непријатели.
Според Би-Би-Си, Стармер ќе разговара за ставовите на европските лидери кога ќе го посети Трамп во Вашингтон.
Трамп во петокот рече дека Стармер планира да ги посети САД во наредните недели и дека ќе се сретне со него.
Ново на Сител
-

Пациентите со дијабетес алармираат за недостиг од терапија и сензори
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Велигденски поскапувања
-

Цените на нафтата повторно растат, Иран обвини дека договорот за примирје не се почитува
-

Израелските напади на Либан го загрозуваат примирјето меѓу САД и Иран
-

Инспекција не стигнала до „Пулс“ пред трагедијата, објектот бил затворен, новата фирма без надзор
-

Токсиколошките анализи се направени и ќе бидат презентирани во судска постапка
-

Одложена јавната расправа во скопска Aпелација по жалбата на осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
