Британскиот министер за внатрешни работи го поддржа Камерон за договорот со ЕУ

Британскиот министер за внатрешни работи Тереза Меј го поддржа премиерот Дејвид Камерон и договорт што го постигна доцна синоќа на Самитот на ЕУ во Брисел со лидериите на сите земји членки на Унијата.
Изјавата за поддршка на еден од клучните министри доаѓа непосредно пред специјалната седница на британската Влада, посветена на договорот.
По седницата се очекува Камерон да го соопшти датумот за одржување на референдумот за останување или за напуштање на Унијата. Според претходните најави во лондонските весници се очекува референдумот да се организира уште оваа година, до крајот на јуни.
Во своето соопштение, Меј, која важи за еден од претендентите за наследник на Камерон на лидерската функција во Конзервативната партија, вели дека „ЕУ е далеку од тоа дека е перфектна организација“ како и дека сегашниот британско-европски договор нема да влијае многу за нејзиното реформирање, но таа смета дека Британија мора да остане во ЕУ поради „безбедносни причини, заштитата од криминалот и тероризмот, трговијата со земјите во ЕУ и поради пристапот до пазарите во светот“.
- Национален интерес на Британија е да биде и натаму дел од ЕУ, вели шефот на Хоум Офисот, Тереза Меј во својата јавно изразена поддршка за Камерон.
Премиерот претходно соопшти дека по постигнатиот договор кој на Британија и овозможува „специјален стаус“ во рамки на Унијата, со целото „срце и душа“ ќе агитира за останувањето во Унијата.
Од претходно е познато е дека неколкумина министри ќе се определат против договорот и позицијата на Камерон.
Засега се знае дека тоа сигурно ќе биде министерот Мајкл Гоув, но се уште не се знае на која страна ќе се определат шефот на Форин Офисот, Филип Хамонд и министерот за одбрана Мајкл Фалон.
Како и да се определат, според медиумите во Лондон, Владата ќе ја брани позицијата што ја има Камерон, што значи дека британската Влада како целина ќе агитира за останување во Унијата.
Опозициските лабуристи уште од порано соопштија дека тие се за останување во ЕУ и дека така ќе агитираат за референдумот.
- Станува збор за непотребна претстава на Камерон со овој договор и со преговорите со Брисел, единнствено потребна за внатрепартсики цели на ториевците, изјави за Би-Би-Си лидерот на лабуристите Џереми Корбин.
Со силна поддршка за останување во Унијата се определени и шкотските сепаратисти и партијата СНП кои порачаа дека стратешки интерес на Шкотска е членството во ЕУ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Воислав Димитровски, директор на „Лајка“
-

Мицкоски на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“
-

Мицкоски на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“
-

Мицкоски: Не се поместуваме ни милиметар ако не се помести и Софија
-

14 инспекции ќе казнуваат ако се пушат цигари на места каде е забрането – Законот стапува на сила летово
-

Од понеделник премиерот очекува поевтинување на дизелот за 6,5 денари, ДДВ-то се враќа на 18%
-

Оформени 45 предмети и изречени над 200.000 евра казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики
-

Гастрономската понуда клучен фактор за повеќе туристи
