Британски научници тврдат дека Аспиринот го спречува ширењето на ракот
Британски научници открија зошто аспиринот, широко распространет лек против болки и треска, може да го спречи ширењето на ракот, откритие што носи нова надеж за идните третмани на оваа болест.
Истражувачки тим открил дека аспиринот им помага на клетките на имунолошкиот систем да ги уништат метастазираните клетки на ракот, кои се одговорни за 90 отсто од смртните случаи поврзани со рак. Ова откритие може да го направи аспиринот дел од стандардната терапија за рак во иднина.
Досега, научниците претпоставуваа дека антиинфламаторните својства на аспиринот се клучни за неговото дејство против ракот, но точниот биолошки механизам остана непознат, што ги спречуваше лекарите да го користат како стандарден третман.
Во новото истражување, научниците им давале мали дози аспирин на глувци со различни видови рак, вклучително рак на дојка, дебело црево и кожа. Резултатите покажале дека кај третираните глувци имало значително помалку метастази во споредба со нетретираните. Нивото на тромбоксан А2 во крвта, соединение за кое се верува дека игра клучна улога, исто така било намалено.
Истражувачите откриле дека тромбоксан А2 им помага на клетките на ракот да се „кријат“ од Т-лимфоцитите, имунолошки клетки што ги напаѓаат туморите. Аспиринот, со намалување на нивото на тромбоксан, ја укинува оваа заштита, овозможувајќи им на Т-клетките да ги пронајдат и уништат клетките на ракот пред да се прошират.
Научниците планираат да го повторат експериментот на луѓе. Доколку аспиринот покаже сличен ефект, тоа може да го трансформира пристапот кон лекувањето на ракот и да помогне во утврдувањето кои видови рак би можеле најдобро да реагираат на овој евтин третман.
МИА
Ново на Сител
-
Зеленски: Расте дрскоста на Русите
-
ИДФ: Убиен водачот на Муџахединските бригади во Газа
-
Трамп соопшти дека САД нападнале брод со дрога кој тргнал од Венецуела, загинале 11 припадници на банда
-
Си Џинпинг ја покажа моќта на Кина на воена парада со присуство Путин и Ким Џонг-ун
-
Собранието треба да продолжи со работа по 67. пленарна седница
-
Презентација на Стратегијата за соработка со СЗО 2026-2030
-
Кос: Вратите на ЕУ се отворени за оние кандидати што ќе ги исполнат Копенхашките критериуми
-
Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони