Британски истражувачи: Мајмунските сипаници можат да се шират и пред симптомите
Мајмунските сипаници можат да се шират и пред да се појават симптоми, објавија британски истражувачи.
Претходно се сметаше дека мајмунските сипаници речиси целосно ги пренесуваат лица, кои веќе биле заразени.
Мајмунските сипаници, релативно блага вирусна болест што е ендемска во неколку земји од Западна и Централна Африка, годинава експлодираше во некои делови од светот, со избивање во држави каде претходно ја немаше.
Оттогаш регистрирани се речиси 78.000 потврдени и 36 смртни случаи, покажаа податоците на американските центри за контрола и превенција на болести. Светската здравствена организација оваа недела соопшти дека епидемијата сè уште претставува глобална здравствена опасност.
Познато е дека вирусот се шири преку близок контакт и предизвикува симптоми, меѓу кои температура, болки низ телото и често, болни кожни лезии со гној.
За да дознаат нешто повеќе околу тоа како мајмунските сипаници се пренесуваат во Велика Британија, тим експерти од Агенцијата за здравствена безбедност користеше податоци за рутински надзор и следење на контакти на 2.746 лица во земјата кои биле позитивни за одреден период.
Нивната просечна старост беше 38 години, а 95 отсто од пациентите изјавиле дека се хомосексуалци, бисексуалци или машки лица кои имаат односи со друго машко лице.
Ново на Сител
-
Анчелоти: Нејмар е исклучително важен за нас, тој мора добро да се подготви за Светското првенство
-
Русија казнила 20.000 војници кои одбиле да се борат во Украина
-
Мицкоски: Треба да се провери дали има кривична одговорност за пописот
-
Од есен нова инвестиција од 36 милиони евра во индустриската зона Штип, вработувања за 150 лица
-
УЈП ја започнува дигиталната трансформација на даночниот систем со е-Фактура
-
Во првото тримесечје од годинава, 391 новоевидентирани жртви на насилство во земјава
-
Две лица сакале да му пратат дрога по пошта на затвореник во КП Штип
-
Попладне и вечер облачно со краткотрајен пороен дожд