Свет
16. July 2015 - 8:16

Британската Влада се откажа од употреба на полициски водени топови

Британската Влада се откажа од употреба на водени топови од полицијата како средство за борба со безредија.

Полицијата бараше да добие решение за тоа по градските немири во 2011 година, но според министерот за внатрешни работи Тереза Меј тоа е средство кои би ја уништило „јавната доверба“.

Во говор во парламентот таа нагласи дека водените топови може да причинат сериозни телесни повреди и оти нивното користење може да биде контрапродуктивно „во реони каде има долга историја на социјални немири и недоверба кон полицијата“.

Лондонскиот градоначалник Борис Џонсон во минатата година одобри градската полиција да купи три употребувани водени топови од Германија, но ќе останат неупотребени на британско тло. Забраната важи само за Велика Британија.