Британската Влада демантира дека премиерот Џонсон минатата недела бил во Италија
Британската Влада денеска ги негираше информациите во некои медиуми дека премиерот Борис Џонсон минатата недела бил во Италија, наведувајќи дека тој не патувал во странство претходните месеци.
Италијанскиот весник „Република“ објави дека Џонсон минатиот викенд, од 11 до 14 септември, бил во Перуџа за да го крсти неговиот помлад син Вилфред, повикувајќи се на соопштение на градскиот аеродром, пренесоа британските медиуми.
-Таа приказна е целосно неточна. Премиерот не патувал во Италија претходните месеци. Секој што ќе ги објави овие тврдења повторува лаги, рече портпаролот на Даунинг стрит.
Британскиот министер за транспорт, Грант Шепс, исто така, ги негираше обвинувањата, изјавувајќи дека двапати ги проверил тврдењата и утврдил дека не се точни.
Ново на Сител
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина
-
Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Трамп не ја исклучува можноста за средба со Зеленски за време на погребот на папата
-
Повредениот во престрелката на Бит Пазар подлегнал на повредите
-
Индија бара од своите сојузни држави да не остане ниту еден Пакистанец во земјата по 27 април
-
Трамп: Преговорите напредуваат, но ситуацијата е многу кревка
-
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега
-
Уапсен мотоциклист кој удрил малолетничка во Скопје