Британската полиција се подготвува за антимуслимански немири и контрапротести
Британската полиција се подготвува за нови антимуслимански немири денеска, бидејќи екстремно десничарските групи ветија дека ќе ги нападнат центрите за азил и адвокатските канцеларии што ги застапуваат мигрантите низ целата земја, што ги натера антифашистите да планираат контра-демонстрации.
Велика Британија е зафатена од ескалирачки бран насилство што избувна на почетокот на минатата недела кога три млади девојки беа убиени во напад со нож во северозападна Англија, што предизвика бран лажни вести на интернет кои погрешно го идентификуваа осомничениот како исламски мигрант.
Премиерот Кир Стармер, поранешен јавен обвинител кој се соочува со својата прва криза по победата на изборите на 4 јули, ги предупреди демонстрантите дека се соочуваат со долги затворски казни во обидот да го смири најлошото избивање на насилство во Велика Британија во последните 13 години.
„Нашата прва должност е да ја обезбедиме безбедноста на нашите заедници. Тие ќе бидат обезбедени. Правиме се што можеме за да се осигураме дека онаму каде што е потребна полициска реакција, таа ќе биде на место и каде што е потребна поддршка за одредени локации, таа ќе биде на место“, додаде Стармер.
Во некои градови, групи од неколку стотици демонстранти се судрија со полицијата и ги искршија прозорците на хотелите во кои се сместени барателите на азил од Африка и Блискиот Исток.
Тие, исто така, фрлаа камења врз џамиите, тероризирајќи ги локалните заедници, вклучително и етничките малцинства кои се чувствуваат цел на насилството.
Објавите на интернет велат дека центрите за имиграција и адвокатските канцеларии кои им помагаат на мигрантите ќе бидат нападнати денеска.
Како одговор, антирасистички и антифашистички групи организираат контра-демонстрации во градовите низ земјата
„Расистички ѓубриња се обидуваат да нападнат канцеларија на адвокат за имиграција. Нема да дозволиме тоа да се случи – покријте ги лицата и носете маски за лице“, гласеше објавата за планираниот протест во јужниот крајбрежен град Брајтон.
Владата создаде таканаречена „постојана армија“ од 6.000 полицајци специјалисти за одговор на потенцијалното насилство и рече дека ќе имаат доволно големо присуство за да се справат со какви било немири.
Стармер вети дека секој што ќе биде фатен во немири, ограбување продавници или палење автомобили ќе го добие заслуженото. Тој рече дека повеќе од 400 луѓе биле уапсени, 100 биле обвинети и очекува наскоро да започне со изрекување на казните.
Ново на Сител
-
Вања била убиена клечејќи на колена со еден куршум во глава одзади грб, грозоморни детали
-
Едно дете загина при нападот со нож во училиште во Загреб
-
Во Основниот суд Куманово одложено судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
„Студентски отпор“: Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците
-
АД ЕСМ: Два термоблока во РЕК Битола исклучени од мрежа, во тек се операции за вклучување на ТЕ Битола 1
-
МВР потсетува: Oд 01.01.2025 задолжителна ознака НМК на регистерските таблички
-
Распустот за основците и средношколците во Србија од 24 декември до 20 јануари
-
ВЛЕН: Со ДУИ нон грата, здраството беше во „клиничка смрт“