Loading Video...
Свет
11. April 2019 - 16:38

Британската полиција го уапси Џулијан Асанж

Британската полиција го уапси  Џулијан Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон,поради тоа што не се појавил на  суд, како и по  барање за екстрадиција од страна на САД..  Акцијата уследи кратко откако  по речиси 7  години  Еквадор го повлече  политичкиот азил за Асанж  со образложение дека  ги  прекршил  меѓународните конвенции.  Тој доби азил во амбасадата со цел да избегне екстрадиција во Шведска, каде што против него беше отворен случај за сексуален напад, што во меѓувреме беше отфрлен. Но Австралиецот остана во амбасадата поради страв дека Лондон  може да го испорача на Вашингтон откако  во 2010 година  објави  илјадници доверливи американски дипломатски и војни депеши на својот интернет портал Викиликс.