Британската министерка за надворешни работи ќе се сретне со колегите од Балканот поради тензиите во регионот
Шефицата на британската дипломатија Елизабет Трус ќе се сретне со министрите за надворешни работи на Балканот, додека Велика Британија се обидува да ги убеди меѓународните сојузници да го „заштитат тешко стекнатиот мир“ во регионот каде што тензиите стануваат се поинтензивни, јави ДПА.
По претседавањето со состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Ливерпул, Трус денеска ќе почне разговори со колегите од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Средбите доаѓаат откако главниот меѓународен претставник во БиХ, германскиот дипломат Кристијан Шмит, предупреди дека Дејтонскиот мировен договор од 1995 година, кој ја запре крвавата граѓанска војна во земјата, може да пропадне.
Говорејќи пред состаноците, Трус истакна дека „Велика Британија е посветена на Западен Балкан и на одбраната и промовирањето на слободата и демократијата во регионот“.
– Додека ги собирам министрите за надворешни работи на шесте земји од регионот во Лондон, како и претставници од Европската унија и САД, тензиите се зголемуваат и меѓународната заедница мора да дејствува за да го заштити тешко стекнатиот мир. Зајакнувањето на економските врски со регионот е витален начин за создавање работни места и богатство, обезбедување стабилност и поддршка на слободата, нагласи британската министерка.
Официјални лица велат дека разговорите денеска ќе претставуваат обид да се потврди посветеноста на Лондон на Берлинскиот процес, при што се очекува Трус да ги повика политичките лидери во регионот да го отфрлат говорот на омраза, да ја осудат глорификацијата на сторителите на геноцидот и воените злосторства и да ги почитуваат пресудите на меѓународните и домашните судови.
Ново на Сител
-
Азир Алиу: Државата во целост ќе го финансира понатамошното лекување на повредените во „Пулс“
-
Три села во Општина Кривогаштани оставени 2 месеци без вода на пеколни горештини, никој не им помага
-
Завршува младинската олимпијада во Скопје
-
Крушево домаќин на Светскиот куп во дисциплината прелети, присутни се најдобрите пилоти од цел свет
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски