Британската кралска палата ќе соработува со полицијата за врската меѓу Ендрју и Епстин

Британската кралска палата е подготвена да ѝ помогне на полицијата доколку биде контактирана за врските на поранешниот принц Ендрју со покојниот американски финансиер и сексуален престапник Џефри Епстин, изјави портпаролот на палатата.
Кралот Чарлс јасно ја искажа својата „длабока загриженост“ за обвинувањата што продолжуваат да се појавуваат за однесувањето на неговиот брат Ендрју, изјави портпаролот на палатата.
„Иако конкретните обвинувања за кои станува збор се прашање за Маунтбатен-Виндзор, доколку не исконтактира полицијата од регионот Thames Valley, ние сме подготвени да им помогнеме“, изјави портпаролот за медиумите.
Полицијата во регионот Thames Valley соопшти дека истражува тврдење во кое се вклучени жена која била донесена во резиденцијата на Ендрју, како и документи што наводно биле споделени со Епстин.
Братот на кралот го користи семејното презиме Маунтбатен-Виндзор откако кралот во текот на минатата година му ја одзеде титулата принц поради претходните откритија за неговата врска со Епстин.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
