-->
-->
Британската кралица пријавена во полиција затоа што не и бил врзан појасот
-->
Британската кралица Елизабета Втора е пријавена во полиција во Западен Јоркшир, затоа што, како што се тврди, немала врзан појас кога со своето официјално возило доаѓала во Парламентот.
Лицето кое повика полиција тврди дека кралицата не била врзана додека се возела низ Лондон, јави Би-Би-Си.
Полицијата пријавата ја потврди на својот налог на Твитер додавајќи со „хаштагови“ дека делото не е за полиција и дека не е во надлежност на Западен Јоркшир (#not999 #notevenwestyorksire).
Според британскиот закон против кралицата не може да бидат покренати ниту граѓански ниту кривични постапки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет