Бизнис
22. January 2016 - 12:13

Британската компанија „Ендава“ досега вработи над 100 ИТ-професионалци во Скопје

„Ендава“, една од компаниите за ИТ-услуги со најбрз раст во регионот, одбележа значајно достигнување - над 100 професионалци со полно работно време сега се дел од нејзиниот тим во Скопје. Ова е слика за растот на организацијата на македонскиот пазар и покажува дека канцелариите во земјата се наметнаа како зрела единица за испорака во рамки на семејството „Ендава“.

Пуштени во употреба во 2014, просториите во Македонија го доживеаја своето прво проширување во ноември истата година, кога беа отворени канцелариите од 3.000 квадратни метри. Оттогаш тимот се зголеми од 30 до повеќе од 100 професионалци, а компанијата планира бројот на луѓе да се зголеми до 400 во следните три до четири години.

„Ендава“ е активен работодавец на македонскиот пазар и еден од водечките на овој план во сите свои локации во централна и источна Европа. Компанијата, истовремено, го употребува талентот на искусните ИТ-професионалци, како и на тие што почнуваат во оваа индустрија. „Ендава“ нуди широка палета на можности за учење, од практикантство преку додипломски програми и технолошки средби до интерни настани чија цел е градење на култура на споделување на знаењето меѓу сите вработени.

- Возбудени сме што сме дел од културата на успехот на „Ендава“, преку испораката на иновација во особено компетитивниот ИТ-пазар. Тоа го правиме за врвни имиња во широк распон на индустрии и притоа сме сигурни дека нашите луѓе се движечката сила зад развојот на нивните лични кариери. Исто така, ги менуваме традиционалните пристапи со новите технологии - вели Ендру Браун, менаџер на единицата за испорака во Скопје.

Скопје станува значаен центар за „Ендава“ преку вклученост во значајни проекти за германски телеком-компании, осигурителни клиенти во Обединетото Кралство, компании за наплата во Велика Британија, како и образовни институции во истата земја, но и тела за спорт во Швајцарија. На тој начин „Ендава“ го надполнува своето портфолио на испорака на вредности за глобални бизниси од секторите банкарство, исплати, осигурување, малопродажба, патувања, телекомуникации, медиуми и издаваштво.

Дополнително од своите тимови за апликациски развој во Скопје, за само една година, „Ендава“ ги консолидира капацитетите и за апликациски менаџмент, што е релативно нова понуда на локалниот пазар и за која е формирано силно јадро од специјалисти. Центарот во Скопје, исто така, за клиентите на „Ендава“ испорачува и независни услуги за тестирање со што преку најдобрите практики го поттикнува подобрувањето на квалитетот.

Благодарение на напорите од владата во изминативе години, Македонија има стабилно бизнис-опкружување и поради блиските врски меѓу универзитетите и ИТ-заедницата, во оваа област има повеќе од 8.000 професионалци, број што рапидно се зголемува.
- „Ендава“ е извонредна Британска компанија која што навистина добро работи во Македонија. Горд сум што тука ја имаме оваа растечка британска инвестиција. Бројот од 100 вработени е достигнување што заслужува вистиско одбележување. Се надевам дека „Ендава“ ќе продолжи да придонесува во развојот на ИТ-секторот во Македонија, како и на пошироката македонска економија - изјави Чарлс Гарет, Британски амбасадор во Македонија кој присуствуваше на настанот во канцелариите на „Ендава“.

Компанијата продолжува да биде темелно вклучена и да дава придонеси во локалната ИТ-заедница во Македонија преку спонзорства на конференции, како и со присуство, учество и организација на локални технолошки настани, но и со обезбедување можности на „ендаванците“ во земјата да бидат дел од меѓународни конференции и да комуницираат во колегите од другите локации. Во исто време, „Ендава“ е посветена и на обезбедувањето можности за студентите да почнат и да развијат успешна ИТ-кариера преку своите програми за практикантство и за додипломци, сесии за споделување знаење и соработка со локалните универзитети.

Општествената одговорност зазема голема улога во културата на „Ендава“ и придонесот ги надминува границите на ИТ-секторот преку значајни донациски иницијативи. Поттикнати од желбата на „ендаванците“ да возвратат на заедницата, во текот на прославата по повод повеќето од 100 вработени во Скопје, компанијата ќе донира 100 „кутии со радост“ за штитениците на домот „11 октомври“.

За „Ендава“
„Ендава“ е приватна компанија за ИТ-услуги со над 2.500 вработени и канцеларии во Њујорк, Атланта, Њу Џерси, Лондон и Франкфурт и шест центри за испорака во Романија, Молдавија, Македонија и Србија. Основана во 2000 година „Ендава“ работи со некои од водечките светски компании во секторите банкарство, исплати, осигурување, малопродажба, патувања, телекомуникациски компании, медиуми и издаваштво и им помага да ги искористат дигиталните технологии и да се транформираат во поагилни, поуслужливи и повредни бизниси.

Филозофијата на „Ендава“ е едноставна: создади успех за луѓето. За луѓето кои работат за нас, за луѓето кои соработуваат со нас и за луѓето кои ги користат системите и платформите што ние ги дизајнираме, градиме и оперираме.