Британската даночна управа води истрага за даночни измами и перење пари

Британската Управа за даноци соопшти денеска дека покренала истрага за даночна измама и за перење пари, против, како што е речено, неименувана странска финансиска институција и нејзини вработени.
Даночните власти на Велика Британија, одбија да даваат други детали за истрагата, освен дека станува збор за првата фаза, по која ќе уследи натамошна потрага, чија цел се високи функционери на институцијата каде се води истрагата, како и нејзините клиенти.
Британската даночна управа соопшти дека нема да ја идентификува финансиската институција, но се претпоставува дека станува збир за швајцарска банка, откако даночниците веќе ја посетиле лондонската филијала на угледната банка „Креди Свис“ и барале податоци во врска со плаќањето данок.
Оваа истрага е дел од широката операција на холандските даночни власти за откривање на виновнците за неплаќање данок и за даночни измами, што се прави со помоѓ на сметки во странски банки, во земји што обилно се означени како „рајски места“ за ваков вид измама и лично богатење.
Владата во Лондон уште од пред неколку години покрена координирана акција, заедно со уште некои други земји на ЕУ, да се запре или колку што е тоа можно, да се блокира, неплаќањето данок преку отворање сметки и префрлање пари во банки во земјите- даночни рајски локации- со билатерални спогодби за откривање на идентитетот на Британците.
Такви договори Британија има со неколку земји, меѓу кои се и малите европски држави Лихтенштајн, Андора и Монако, но и со банки во Швајцарија кои се согласија да ги отворат „тајните сметки“ ако тоа го побара британската даночна управа.
Ново на Сител
-

Брвеница избира градоначалник
-

Времето сончево со мала до умерена локална облачност
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
