Британската централна банка го испитува теренот за негативни каматни стапки
Британската централна банка – БоЕ (Bank of England) испрати писмо до банките во Велика Британија за да утврдат дали се подготвени за можно намалување на каматните стапки на нула или во негатива.
Со намалување на каматните стапки на толку ниско ниво, Велика Британија ќе го следи примерот на централните банки во Јапонија и Швајцарија, потсетува Би-Би-Си.
– Бараме конкретни информации за моменталната подготвеност на вашата компанија, нагласи вицегувернерот на БоЕ, Сем Вудс, во писмото до банките.
БоЕ во март ги намали основните каматни стапки на историски низок 0,1 процент.
Дури и ако ги спушти под нулата, тоа автоматски нема да значи дека повеќето потрошувачи ќе се разбудат во свет во кој ќе им се плаќа да позајмуваат.
Задолжените со хипотекарни кредити со фиксни каматни стапки не би почувствувале никаква разлика, додека оние кои зеле хипотекарни кредити со променливи каматни стапки во договорите, генерално, наведуваат дека каматната стапка никогаш нема да биде пониска од нула.
Работите се малку поразлични со штедачите со подлабок џеб, како што се богатите и самите банки, на кои би можело да им се наплатува депонирање пари.
Банките кои преку ноќ депонираат пари во Европската централна банка (ЕЦБ) треба да плаќаат 0,5 проценти камата на депозитите, а швајцарската банка УБС во ноември 2019 година на богатите клиенти почна да им наплаќа камати на готовински депозити до 0,75 проценти.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Да ја надминеме духовната и моралната криза и да се вратиме на вистинските вредности
-
Путин и Ким Џонг-ун ќе присуствуваат на воената парада во Пекинг на 3 септември
-
Жрепката за Лигата на шампиони денеска во Монако
-
Три лица осомничени за убиството пред казино во Кавадарци
-
Зеленски: Најмалку осум лица загинаа во напад врз Киев, меѓу нив и едно дете
-
Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
-
Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Премиерот Мицкоски во посета на РЕК „Битола“