-->
-->
Британска нуклеарна подморница се судри со трговски брод
-->
Една од најновите британски нуклеарни подморници, „Амбуш“, за време на редовни вежби се судри со трговски брод, по што морала да се вкотви кај Гибралтар, соопшти денеска Министерството за одбрана на Велика Британија.
Како што се наведува во соопштението, Кралската воена морнарица веднаш покрена истрага за настанот. Првичните информации велат дека судирот не бил директен, па подморницата претрпела само „надворешно оштетување“.
Инцидентот се случил завчера и при тоа нема повредени лица. Исто така, нуклеарниот реактор на подморницата не е оштетен, пренесува Би-Би-Си.
Подморницата „ХМС Амбуш“ е долга 97 метри и чини 1,6 милијарди фунти, а е вооружена со торпеда и крстосувачки ракети „Томахавк“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора