Британка посвоила 14 деца од Африка
Млада Британка пред осум години отишла како доброволна помош во африканската земја Танзанија, па одлучила да посвои 14 деца оттаму, за „да ги спаси од улица“, како што вели самата.
Лети Мекмастер помислила да ги посвои децата, кога видела како персоналот во домот се однесува со нив. Луѓето ги земале парите што децата ги добивале од донации, ги хранеле еднаш дневно, физички и психички ги малтретирале…
Наместо предвидениот еден месец, таа минала три години во Африка, сѐ дури домот за сирачиња не бил затворен. Тогаш, таа сфатила дека повеќето деца така остануваат на улица, па повела постапка за посвојување. Првично ѝ припаднале девет деца – и девојчиња и момчиња, а годините потоа кај неа вселила уште пет деца. Сите денес живеат во гратчето Тунбриџ Велс во округот Кент, југоисточна Англија.
– Некои од нив ме сметаат за мајка, а други ме гледаат како постара сестра. Јас сум посветена на нивното воспитание, најдобро што можам и многу сум среќна што имам две семејства, изјави Мекмастер за „Сан“.
Момчињата и девојчињата што ги посвоила, денес тренираат фудбал, свират на музички инструменти и редовно одат на училиште. Освен што посвои 14-мина, Мекмастер во меѓувреме отворила и прифатилиште каде што деца од улица секоја недела се хранат и добиваат нова облека од донации.
Ново на Сител
-
Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епстајн, но не и списокот на клиенти
-
Популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година
-
Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите
-
Во Скопје е пронајдена малолетничката за која беше пријавено дека била одземена од Охрид
-
Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми
-
Приведени три лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Приведен 36 годишник, возел со 252 километри на час на место каде е дозволено 120
-
Приведена 22 годишна прилепчанка, при претрес на нејзиниот дом најдена е дрога