Британија ќе и испорача 100 илјади дронови на Украина
Велика Британија денеска вети дека ќе и испорача 100.000 дронови на Украина до крајот на тековната фискална година, април 2026 година.
Ова претставува десеткратно зголемување во однос на претходните години, откако беше истакнато дека беспилотните летала го промениле начинот на војување.
Владата во Лондон ја поддржа независно подготвената Стратешка одбранбена ревизија, која повикува на посилна, технолошки понапредна војска за да се одговори на новите закани, вклучувајќи ја и можната руска агресија.
Пакетот дронови е вреден 416 милиони евра и е дел од поширока програма за воена помош на Украина во износ од 5,4 милијарди евра.
Британскиот министер за одбрана Џон Хили ќе ја најави оваа одлука на состанокот на Контактната група за одбрана на Украина во Брисел, на кој ќе учествуваат претставници од 50 земји и заедно го организираат Велика Британија и Германија.
– Велика Британија ја засилува својата поддршка за Украина со испорака на стотици илјади дополнителни дронови годинава и со завршување на важната испорака на клучна артилериска муниција, изјави Хили во пресрет на состанокот.
Освен испораката на дронови, Британија соопшти дека од јануари на Украина ѝ испорачала 140.000 артилериски гранати и годинава ќе одвои дополнителни 294 милиони евра за обука на украински војници.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Научно-стручна распава по предлог-законот за Судски совет
-
Идризи за Сител: Не го направив намерно, случајот се политизира
-
Тема на денот со безбедносно-политичкиот аналитичар Милан Стефаноски
-
Со лажни фактури за поврат на ДДВ, државниот буџет олеснет за 90 милиони евра
-
30 дневен притвор за сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Мицкоски: Ако извештајот повторно не се изгласа, проблем не се Бугарите во Уставот, туку македонскиот идентитет
-
Мицкоски: Новиот Клинички центар ќе биде поевтин од оној што го промовираше претходната Влада