Британија и Франција заедно против онлајн радикализација
Британија и Франција објавија заедничка акција со која планираат силно ангажирање во спречување на онлајн радикализмот, односно чија цел е да се запре „интернет да биде безбедно место за терористите“.
Соработката, откриена пред разговорите за борбата против тероризмот меѓу британската премиерка Тереза Меј и францускиот претседател Емануел Макрон, вклучува истражување можности за создавање нова правна одговорност за ИТ компании доколку не успеат да ги поништат содржините.
– Обединети сме во целосна осуда против тероризмот и нашата посветеност да го сузбиеме тоа зло, изјави Меј пред денешниот состанок.
Меј побара од ИТ компаниите да направат повеќе за спречување на ширење терористички содржини на интернет, но ИТ експерти се прашуваат кои регулации би требало да се потпишат бидејќи британските закони се меѓу најстрогите. Еден од тие закони дозволува властите да имаат увид во евиденција на прегледите на интернет на сите во државата.
Ново на Сител
-
Историски аспект на Илинденското востание и Илинденската република
-
121 година од Илинденското востание
-
80 години АСНОМ
-
Чествување на Илинден
-
Филипче: Двата Илиндена не обединуваат
-
Пожарите беснеат низ државата, најкритично на Осоговските планини
-
Пожарникарите се борат со огнот над Косел
-
ОЈО и МВР истражуваат има ли злоупотреба на овластувања во случајот со Косовската претседателка