Британија ги забрзува подготовките за Брегзит без договор
Велика Британија ги забрзува подготовките за брегзит без договор. Државата ќе биде подготвена за напуштање на Европската унија со или без договор на 31 октомври. Тоа го изјави денеска новиот министер за надворешни работи на Британија Доминик Раб.
Тој додаде дека „недемократскиот“ посебен механизам за Ирска треба да биде избришан од договорот.
– Сакаме добар договор со партнерите и пријателите од ЕУ, но тој треба да вклучува отфрлање на недемократскиот заштитен механизам, изјави тој за Би-Би-Си. – Тоа што дава како инструкции премиерот и прифаќа кабинетот, е забрзување на тие подготовки, доаде Раб.
Министри коментира вчера дека владата претпоставува дека ЕУ нема да се согласи да го промени договорот за брегзит одобрен со поранешниот премиер Тереза Меј. Тие додадоа дека кабинетот ги интензивира подготовките за брегзит без договор.
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори