Британија ги укинува ковид пропусниците и маските
Луѓето во Англија од следната недела повеќе нема да мора да носат маски, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон во Парламентот.
– Научниците веруваат дека ширењето на сојот Омикрон го достигнал својот врв во Британија, рече Џонсон.
Британскиот лидер најави дека засега ќе продолжи да важи условот за луѓето да се изолираат, но не се очекува продолжување на законодавството за самоизолација, што истекува во март. Премиерот изрази намера да се обиде порано да се постигне укинување на тоа барање.
„Поради итна кампања за зголемување на дозите вакцини за засилување, во комбинација со начинот на кој општеството реагираше на мерките на планот Б, можеме да се вратиме на планот А во Англија, што значи дека правилата на Планот Б ќе престанат да важат од четврток следната недела“, рече тој.
Џонсон рече дека задолжителните сертификати за коронавирус ќе бидат укинати, но компаниите би можеле да одлучат да продолжат со спроведување на пропусниците за ковид ако сакаат.
Ново на Сител
-
Во Белград се одржува воена парада
-
Приведени две лица во Велес, кај нив пронајдени пушка-артефакт, муниција
-
Претреси во Штип, пронајдена дрога, приведени две лица | ФОТО
-
Приведен германски државјанин на ГП Табановце, кај него е пронајдена дрога
-
Трамп: Си Џинпинг го одобрува договорот за ТикТок
-
Видео порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН
-
ОЈО: Три лица под сомненија за изнуда на пари од скопјанец
-
Во Белград претпладнево ќе се одржи воена парада