Британец уапсен за кибер нападот што го наруши работењето на европските аеродроми
Британската полиција денеска соопшти дека уапсила маж како дел од истрагата за нападот со „ransomware“ врз компанијата „Колинс Аероспејс“ (Collins Aerospace), во сопственост на РТХ, што предизвика сериозни нарушувања во работењето на европските аеродроми.
Националната агенција за криминал – НЦА (NCA) соопшти дека маж на возраст од 40 години е уапсен во вторникот под сомнение за прекршоци според Законот за злоупотреба на компјутери и ослободен со кауција, јавија британските медиуми.
- Иако ова апсење е позитивен чекор, истрагата е во рана фаза и сè уште е во тек, рече заменик-директорот на Националната агенција, Пол Фостер.
Сè уште не е познато која криминална група стои зад хакирањето од минатата недела, а НЦА не објави дополнителни детали.
„Ransomware“ е софтвер што кибер-криминалците го користат за шифрирање на податоци и барање откуп за нивно ослободување.
Бандите што го користат овој метод обично работат во сенка за да го избегнат вниманието на органите за спроведување на законот.
Нападот врз „Колинс аероспејс“ е најновиот во низата кибер инциденти во Европа со значајни бизнис последици.
МИА
Ново на Сител
-
Ли: Кина и САД мора да пронајдат вистински начин за соработка во новата ера
-
Медиуми: УЕФА идната недела ќе донесе конечна одлука за евентуална суспензија на Израел
-
Пожар во близина на депонијата кај Арачиново | ФОТО
-
Лавров ги обвини НАТО и ЕУ дека водат „вистинска војна“ против Русија
-
Трамп најави нови царини на лекови, камиони, мебел
-
Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје, ќе биде осветен на 28 септември
-
Без струја повеќе скопски села и општини
-
Во Скопје се одржува Втор состанок за ненадејна срцева смрт во балканскиот регион