Свет
14. September 2015 - 8:58

Британците ќе избираат имиња за бурите

Сите заинтересирани ќе имаат можност да именуваат бура во Велика Британија и Ирска, со цел јавноста да обрне поголемо внимание на временските неприлики пред да се случат.

Британската Канцеларија за метеорологија ја повика јавноста да предложи имиња за бурите во оваа земја, а процесот на кумството ќе се одвива на социјалните мрежи.

Имено, сите заинтересирани треба да ги твитуваат своите предлози на @metofficeuz hastag #nameourstorms, а предлозите можат да се праќаат и на официјалната страница на Канцеларијата за метеорологија на социјалната мрежа Фејсбук или по електронска пошта.

Откако листата на предлози ќе биде заклучена, ќе се донесе одлука за тоа кое од понудените имиња ќе се користи.

Британската Канцеларија за метеорологија го покрена овој интересн проект во соработка со ирскиот метеоролошки завод Мет Еријена, па предлозите кои ќе ги добие британската влада преку социјалните мрежи ќе се најдат на списокот со предлозите на ирскиот завод. Целта на проектот е да се воспостави единствен систем на именување на бурите во Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска, како и да се зголеми свеста за временските неприлики и нивните последици пред да дојде до нив.