Британците извршиле „инвазија“ врз Австралија, тврди Униврзитетот во Сиднеј

Угледниот австралиски Унивезитет „Нов Јужен Велс“ од Сиднеј тврди дека Британците во 18-от век извршиле „инвазија“ врз Австралија, чија територија потоа ја „окупирале и ја колонизирале“.
Универзитетот тврди дека континентот „не бил откриен“ и „населен“, како што тоа сега се изучува, па затоа издаде свој нов „водич“ за „вистинските и точни“ термини, што би требало да се користат кога станува збор за австралиското минато и посебно за луѓето кои живееле на континентот пред неговото „колонизирање“.
На студентите од овој Универзитет сега им се препорачува да ги користат „новите“ термини, како што се „инвазија“ наместо сегашните термини „откривање“ и „населување“, кога се објаснува односот на Велика Британија кон овој континент.
Научниците од Универзитетот, кои учествувале во изработката на „водичот“ за новите термини и кои инсистираат на т.н. вродена терминологија, ги отфрлаат обвинувањата во австралиската јавност дека станува збор за обид за ново пишување на историјата на Австралија.
Според нивно толкување, тие исправаат некои „неточности“, па така за британскиот капетан Џејмс Кук велат дека „не ја открил Австралија“, туку само на карта „го регистрирал источниот австралиски брег“, каде денес се простира сојузната држава Нов Јужен Велс.
Научниците тврдат дека Кук во 1770 година го внел на картата тој дел од континентот и го означил како територија на британската круна, што се случило 160 години подоцна, по првичното пресликување и истражување на таа територија што го направиле главно Холанѓаните.
Во тоа време на таа „откриена“ територија веќе живееле повеќе од 250 абориџински племиња, кои имале свои територии и посебен јазик.
Со подоцнежниот процес на колонизација им била одземана нивната земја, на која тие немале право на поседување, а подоцна и на државјанство. Таа неправда е испрвена дури во поново време, велат од Унивезитетот.
„Водичот“ на Универзитетот, со кој се бара да не се користи ниту терминот „абориџини“, предизвика бурна реакција и главно осуди во поголемиот дел од јавноста на Австралија.
Ново на Сител
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
-

Ќе се менува ли законот со кои се регулираат инфлуенсерите?
-

„Работнички“ доби нова спортска сала по сите ФИБА стандарди
