Британците годишно разменуваат 10.000 СМС-пораки во истата куќа

Британец просечно испраќа околу 10.000 СМС-пораки годишно на членовите на неговото семејство оддалечени една или две соба, поради мрзеливост или избегнување на конфликт, покажа истражувањето објавено вчера.
„Можеш ли да го исклучиш телевизорот?", „Што има за вечера?" или „Доаѓаш ли во кревет?", се некои од најчестите пораки, покажа интернет анкетата спроведена во декември на две илјади британски семејства преку фирмата „Broadbandchoices“.
Најодговорни за таквите пораки се мајките кои секојдневно испраќаат барања како „исклучи го светлото" или наредба да „легнат на спиење", велат од компанијата.
За 16 проценти од испитаниците испраќањето пораки е единствениот начин да ги послушаат децата, а ако почнат да зборуваат лице во лице, тоа ќе заврши со расправија. Еден од четворица испитаници сметаат дека комуникацијата со пораките е „забавна".
-Мобилните телефони денес се дел од нас, па затоа не е за изненадување да гледате луѓе кои испраќаат пораки во истата куќа, вели Викс Лејтон, стручно лице за потрошувачки прашања во „Broadbandchoices“. Таа ја објаснува оваа појава со „мрзеливост" или потреба да „зборува за чувствителни теми".
Меѓу трите најчести такви пораки се романтичните: „Те сакам", прагматичните „Ручек е готов" и типично британски „Дали сакаш да ми донесеш чај?".
Ново на Сител
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
