Балкан
9. April 2016 - 14:05

Брисел лут на Загреб поради блокадата на Србија

Брисел нема да и дозволи на Хрватска да ги блокира европските интеграции на Србија и да продолжи да пролнгира со отворањето на поглавието 23, објави весникот „Блиц“ повикувајќи се на неименувани извори.

Весникот наведува дека на вчерашниот состанок на Комитетот за проширување на Европската Унија, претставникот на Хрватска, на прашањето што се случува со потврдата на Загреб за Акцискиот план на Србија за поглавието 23 и дали тој е добар, тој одговорил дека „Загреб се уште нема став“ и прашањето вторпат беше симнато од дневен ред.

- Доколку Хрватска до вторник не достави мислење, политичките притисоци ќе се подигнат на повисоко ниви и многу можно е во целата приказна да се вклучи и Советот на министри на ЕУ, изјави неименуваниот извор за „Блиц“. 

Во меѓувреме претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека Загреб не и поставува никакви ултиматуми на Србија, но оти очекува Белград да ги исполни своите обврски за членство во ЕУ.

- Едноставно се работи за исполнување на предусловите што е добро и за самата Србија, наведе Грабар-Китаровиќ за хрваскиот весник „Вечерњи лист“.