Брисел бара посебно означување на производите од Западниот Брег
Европската комисија денеска издаде ново упатство за производите од Израел кои пристигнуваат на пазараот на ЕУ, според кое производите ќе мора да бидат посебно означени, доколку потекнуваат од израелските населби на Западниот Брег и Голанската Висорамнина.
Земјоделските производи и козметиката кои се продаваат во земјите членки на ЕУ, сега ќе мора да имаат специјална етикета од која ќе може да се види локацијата од каде тие потекнуваат.
Изаелското Министерство за надворешни работи го осуди ваквото решение на Еврокомисијата, означувајќи го како „дискриминаторски чекор“ кон Израел.
ЕУ го осудува градењето на еврејски доселенички населби на територииите што Израел ги освои во Шестдневната војна со арапските земји во јуни 1967 година. За ЕУ тоа претстанува „илегална постапка“ според меѓународното право.
Израелската Влада целосно ги отфрла ваквите толкување на ЕУ, но европските диломатии сметаат дека изградбата на населбите го попречува мировниот процес, како и дека претставува закана за решението „две држави“ во регионот.
Според новите упатстава на Еврокомисијата, како производи за кои се бара посебна етикета се оние што потекнуваат од Појасот Газа, Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим и од Голанската Висорамнина.
Станува збор за свежо овошје и зеленчук, вино, мед, маслиново масло, јајца, живина, органски производи и козметика.
На стоките од Западниот Брег и Голан треба да стои ознаката „израелска населба“. Производите од Западниот Брег, кои ќе ја немаат оваа ознака, во ЕУ ќе може да се продаваат со етикетата „произведено во Палестина“ или „производ од Западниот Брег“.
Ново на Сител
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот
-
Потребна е поголема грижа за талентираните деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти