Македонија
12. September 2017 - 11:32

Брглез: Словенија ја поддржува Македонија во евроинтеграцискиот процес

Словенија ја поддржува и ќе ја поддржува Македонија во евроинтеграциските процеси. За мали држави како Македонија и Словенија важно е да бидеме единствени и заедно да ги остваруваме своите цели пред меѓународната заедница, изјави денеска претседателот на Државниот збор на Словенија, Милан Брглез, по средбата со неговиот македонски колега Талат Џафери.

Претседателот на македонскиот Парламент изјави дека на средбата го информирал Брглез за работата на Собранието, за претстојните локални избори и за динамиката на Собранието во согласнот со планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија.

МИЛАН БРГЛЕЗ И ЏАФЕРИ

- Билатералната соработка е добра, но треба да се продлабочи и да се прошири особено во делот на парламентарната дипломатија, рече Џафери.

Џафери и Брглез зборувале и за придонесот на Македонија во справување со мигрантската криза.

Претседателот на словенечкиот Парламент на пладне ќе има обраќање во Собранието на РМ, а потоа ќе оствари средби во претседателите и членовите на комисиите за надворешна политика и европски прашања, а потоа ќе има средби и со премиерот Зоран Заев и претедателот Ѓорге Иванов.

Брглез во Скопје ќе присуствува и на бизнис форум.