Бренан: Во неделата само 28 летови во воздушниот простор на Македонија
Во неделата имало само 38 летови во воздушниот
простор на Македонија, што е 95 проценти помалку отколку во 2019 година, објави на Твитер генералниот директор на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (Еуроконтрол), Емон Бренан.
Редовната сеопфатна проценка на Еуроконтрол за најновата состојба во авиосообраќајот во Европа покажува дека на 6 мај се реализирани 4.803 лета, што претставува пад од 84,8 проценти, споредено со истиот период лани.
Од двата аеродорма во државава, во Скопје и во Охрид, кои се затворени за патнички авиосообраќај од средината на март годинава, се реализираат само карго и хуманитарни летови за враќање на македонските граѓани во земјава. Во март годинава по затворањето на двата аеродрома во државава концесионерот ТАВ Македонија регистрираше намалување на патниците за 55 проценти, во споредба со март лани, а во април за 99 отсто.
Министерот за транспорт Горан Сугарески вчера информираше дека на состанок на Кризниот штаб го отворил прашањето за повторно отворање на аеродромите и граничните премини, но се уште нема таков предлог од Комисијата за заразни болести. – Пред неколку дена разговарав со директорот на ТАВ, кој спомна дека треба да се има предвид оти имаат потреба од 7 до 10 дена за евентуално тестирање на аеродромот, изјави Сугарески.
Дестинациите и фреквенцијата на летови годинава, ќе зависат и од внатрешната организација и одлуките на авиокомпаниите, бидејќи и тие, како дел од авиобизнисот се значително погодени од кризата со вирусот Ковид-19.
Ново на Сител
-
Од понеделник потопло време со постепен пораст на температурата
-
40-годишна жена се удави во Дебарско езеро
-
Приведен малолетник од Скопје, со употреба на сила одзел пари од едно лице
-
Има одредени зголемувања на цените во малопродажба, во големопродажба цените се вратени како пред одлуката, вели директорот на ДПИ
-
Лос Анџелес се раздели со Оливие Жиру
-
Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите
-
Приведен 41-годишен велешанец, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Умеров: Украина може да произведува четири милиони дронови годишно