Брена и Боба го прославија Архангел, семејната слава со пријателите
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ вчера го прославија светиот Архангел Михаил во својот дом во Бежаниска коса и во друштво на семејството, родните и пријателите.
Живојиновиќи како и минатите години, подготвија богата трпеза со разновидни специјалитети и квалитетен пијалок, а по вечерата гостите и домаќините, според традицијата запеале и заиграле.
Годинава нивниот најмлад дин Виктор Живојинович решил да ги засука ракавите и да помогне околу спремањето на трпезата. Папараците го уловија со кецела во дворот од семејната куќа. Им рекол дека последните години тој и Боба биле задолжени за подготвувањето на славската трпеза, а помагала и Брена.
-Славата ја славиме секоја година и тој ден сите сме присутни со роднините и пријателите. Тато и јас најмногу сме задолжени околу спремањето на храната. И мама е ангажирана, но ние сме главни, вели Виктор.
На славата синоќа дошле многу познати, меѓу кои и Саша Поповиќ со сопругата Сузана Јовановиќ, Соња Вуксановиќ со ќерката Софија, Млаѓан Динкиќ со сопругата, Милутин Мркоњиќ и Ана Бекута, Филип и Мадлена Цептер, Петар Матиќ, Бане Обрадовиќ со сопругата, Сања Ѓорѓевиќ со ќерката Ивана...
Ново на Сител
-
Најмалку 51 лице загинаа во монсунските дождови во Индија, 22 се водат како исчезнати
-
Две лица починаа поради топлотниот бран во Франција
-
Битолчанка лажно се претставила како вработена во МВР и измамила сограѓанин за 22 500 евра
-
Турските власти запленија 825 килограми хероин во операција во Адана
-
Без вода неколку улици во Скопје поради дефект
-
Жена нападната од мечка на шумски пат во тетовско
-
Електронски ќе се пријавуваат неправилности во здравството
-
Доаѓа топол бран - од утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени