Бремена жена влезе во супермаркет, а по 25 минути излезе со бебе: Се породи на каса, купувачите останаа зачудени
Една Русинка (28) ова одење во супермаркет ќе го памети до крајот на животот.
Имено, кога дошла да каса да ги плати производите, се фатила за стомак. Мирно и објаснила на касиерката дека ќе се породи.
Брзо сите скокнале да и помогнат и ја легнале на подот. За само 11 минути на свет го донела малечкиот Иван.
Двете касиерки и двајца купувачи и помогнале на бремената жена се да помине во најдобар ред.
„Немаше време за размислување“, рече касиерката Елена.
Таа на почетокот испаничила, но брзо повикала Итна помош. Додека дошле лекарите, се било готово пред очите на зачудените купувачи.
Како што се наведува, жената во продавницата била вкупно 25 минути, а породувањето траело 11! Некои медиуми пренесуваат дека ова и е шесто дете, па така не е ни чудно што се поминало мирно.
Ново на Сител
-
Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори
-
Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени избори
-
Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми
-
Кац: И наредив на армијата да напредува во Појасот Газа без оглед на преговорите
-
Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија
-
Франција поради пренатрупаност на своите капацитети размислува за изнајмување затвори во Источна Европа
-
Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале 1.194 мигранти
-
Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот