Брегу: Економскиот раст на Западен Балкан станува тренд

Позитивната економска перспектива на Западен Балкан е недискутабилна, а просечниот раст на БДП во 2020 година се очекува да биде близу четири отсто.
Ова во Сараево го изјави генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу на состанокот на Бордот на организацијата, која е вид на оперативно тело на земјите на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈЕ), чиј основач е и Република Северна Македонија.
– Регионот бележи напредок и има позитивна економска перспектива. Во претходните неколку години регионот остваруваше непрекинат економски раст, при што аналитичарите се согласуваат дека овој тренд ќе продолжи и среднорочно, а се предвидува дека трендот ќе се зацврсти и дека во 2019 година просечниот пораст ќе биде 3,5 отсто, додека во 2020 тој ќе изнесува 3,8 отсто, изјави Брегу.
Таа додаде дека претстојните предизвици ќе бидат се поголеми.
– Реално е да се очекува дека програмата за работа на Европската Унија ќе има влијание и на процесот за нејзино проширување со Западен Балкан. Истовремено ќе се проверуваат кредибилноста и подготвеноста на Западен Балкан да ги исполни критериумите и да се приклучи кон ЕУ, рече Брегу.
Одборот бил информиран дека Босна и Херцеговина го презеде претседателството со ПСЈЕ и дека во тек се подготовките Косово да го преземе следното претседателство, соопшти денеска РСС.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
