Бразилскиот Сенат ги усвои мерките за штедење
Бразилскиот Сенат го изгласа денеска со 53 гласови „за“ и 16 „против“ 20-годишното замрзнување на јавната потрошувачка, кое претставува основа на планот на претседатеот Мишел Темер за обновување на фискалната дисциплина и воведување контрола врз растечкиот буџетски дефицит.
Мерките за штедење предизвикаа жестоки протести, а полицијата беше распоредена во главниот град Бразилија, со цел да ги заштити државните згради од демонстрантите во текот на гласањето во Сенатот.
Ограничувањата на јавната потрошувачка би требало да претставува уставен амандман озаконет утре, а по десет години се предвидува негова претседателска ревизија.
Штедењето во федералната каса претставува главен столб на предложените реформски мерки на претседателот на редовите на десниот центар, Темер за враќање на финансии на Бразил под контрола и привлекување на инвеститори, кои побегнаа поради актуелната рецесија.
Резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата Датафолх, покажаа дека 60 отсто од Бразилците се против ограничувањето на потрошувачката, додека таа мерка ја поддржуваат 24 отсто од испитаниците.
Ново на Сител
-
ФИФА и се извини на Украина што покажа карта без Крим во нејзината територија
-
Тошковски: Со истрагата за криминалната група „Беланоца-Барон“ најмалку седум убиства се расветлени
-
Меџити ја претстави Планската програма за почист воздух 2024-2030
-
Пронајдена почината британка на улица во Скопје
-
Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич
-
ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото седуммесечно бебе
-
Тошковски: Кривична пријава за поранешниот премиер и вицепремиер