Бразилската Управа за приходи го отфрли владиниот финансиски отчет

Федералната управа за приходи на Бразил му препорача на Парламентот да не го прифати финансискиот отчет на Владата за 2014 година, јави ТАСС.
Управата смета дека Владата на бразилската претседателка Дилма Русеф направила злоупотреби при изработката на Буџетот за 2014 година.
Противниците на Русеф тврдат дека таа противзаконски користела средства од држаните банки за покривање на зголемените трошоци на државата и за да си обебзеди реизбор за втор претседателски мандат.
Аналитичарите проценуваат дека одлуката на Управата за приходи ќе ги разниша позициите на Русеф и ќе претставува поттик за нејзините противници кои веќе неколку месеци се обидуваат да иницираат импичмент за нејзина смена од власта.
Одлуката на Управта уледи откако завчера Врховниот изборен суд на Бразил започна истрага за можни неправилности во финансирањето на предизборната кампања на Русеф. Опозицијата тврди дека Русеф ја финансирала својата кампања од корупциски зделки во државната нафтена компанија „Петробраз“.
Ново на Сител
-

Откриени шест римски вили на трасата на гасоводот меѓу Македонија и Грција
-

Сител на терен: Даночни инспектори ги тресат Камените Кукли, овој пат со полициска придружба
-

Преглед на вестите од светот
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
