Бразилската фирма „Одебрехт“ призна дека давала поткуп при правење зделки
Најголемата бразилска градежна компанија „Одебрехт“ признала дека давала поткуп на функционери на разни нивоа, за да обезбеди за себе бизнис договори.
На крајот од процесот воден од американското Министерство за правда, оваа компанија, како и бразилската петрохемиска фирма „Браскем“ спогодбено се согласиле заедно да им платат најмалку 3,5 милијарди долари казна на властите во САД, во Бразил и Швајцарија.
Во соопштението на американското министерство се вели дека станува збор за досега најголем случај на поткуп во една странска компанија.
„Одебрехт“ ќе мора да плати безмалку 2,6 милијарди, а „Браскем“ околу 960 милиони долари за нелегалното однесување во разни делови од светот.
Бразилскиот градежен гигант е казнет за поткупување и на функционерите од државната нафтена компанија „Петробрас“ од Бразил, која и самата е во центарот на големиот корупциски скандал.
Директорите на „Одебрехт“ имаат потпишано договор да соработуваат во антикорупциската истрага во „Петробрас“ за да ги откријат и именуваат сите, повеќе од 200 политичари вмешани во специјалната шема за поткупување.
Во почетокот на овој месец, градежната комапнија јавно се извини за нејзниото учество во корупцискиот скнадал, откако доскорешниот извршен директор, Марсело Одебрехт, беше осуден на 19 години затвор за дадени 30 милиони долари мито на директорите од „Петробрас“.
Американците ја започнале антикорупциската истрага уште во 2001 година и притоа утврдиле дека за повеќе од една декада, „Одебрехт“ има исплатено околу 790 милиони долари за поткупување во разни земји од светот.
Претставник на американското Министерство за правда објаснил за медиумите во САД, дека оваа градежна компанија имала посебно создаден оддел што се занимавал со давањето поткуп при обезбедувањето вносни бизнис-договори со партнери на три континенти.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го срозија животниот стандард на граѓаните
-
Папата Франциск хоспитализиран поради бронхитис
-
Отворен дежурен педијатриски пункт во поликлиниката Бит Пазар
-
Во Хрватска минатата година за 100 отсто е зголемен бројот на доброволци за служење воен рок
-
Казнети 809 возачи, 264 за погрешно паркирање, 232 за брзо возење, 56 возеле без возачка
-
Никола Груевски за Фросина и други потенцијални жртви, за Игор Југ и Зоран Заев
-
Преку Бугарија транзитирани рекордни количества на руски гас
-
Дубаи потпиша договор за брза транспортна мрежа со компанијата на Илон Маск