Бразилец со експериментална терапија се излекувал од ХИВ вирус
Повеќе од една година по употребата на интензивна експериментална медицинска терапија против ХИВ вирусот, откако претходно престанал да користи какви било лекови против СИДА, еден Бразилец во организмот веќе немал никакви траги на тој вирус, соопштија учесници на една стручна конференција.
Иако ова на милиони луѓе во светот им дава надеж во лекувањето, претстои независна проверка на резултатите од експерименталното лекување, па затоа е рано да се шпекулира за евентуален лек, предупредуваат научниците.
Како што изјави една специјалистка од Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско, досега таков исход од експерименталната терапија е забележан кај само едно лице, додека кај четири други било спротивно.
– Не станува збор за лек, туку само за интересен случај кој бара дополнителни истражувања, изјави друг научник од истата установа.
Меѓутоа, доколку се потврди дека 35-годишниот Бразилец е навистина излекуван, тоа ќе биде првпат ХИВ вирусот да се елиминира од организамот на возрасно лице без пресадување на коскена срж или матични клетки.
Откако во март 2019 година престанал да зема какви било медикаменти против тој вирус, во голем број примероци од крвта и ткивото, кои се земени од него, не е воочено присуство на ХИВ.
Најубедлив доказ за потенцијално излекување е дека во неговиот организам речиси да нема антитела на ХИВ, кои ги произведува имунолошкиот систем борејќи се против вирусот, а исто така во февруари бил негативен на тестирањето на ХИВ.
Ново на Сител
-
Постапки против дилери на марихуана во Велес и во Скопје
-
Втора ноќ по ред неидентификувани дронови надлетуваа над воените бази во Данска
-
Претставен Меморијалниот парк во Тетово во спомен на загинатите во модуларната болница | ВИДЕО
-
Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција
-
Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица