„Браво Сине“ ќе промовира изданија од едицијата „Бајки од Македонија“
Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ - „Браво Сине“ денеска ќе ги промовира четирите бајки за деца од едицијата „Бајки од Македонија“ кои ги илустрираше 26-годишната Катерина Николовска од Штип.
Николовска беше избрана како победник на годинашниот конкурс за избор на млади дизајнери - илустратори што го организираше Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ - „Браво сине!“.
Таа беше наградена со парична награда од 200 илјади денари, а требаше да ги илустрира народните бајки „Вејко Северко“, „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“ и „Девојчето и 12-те месеци“.
Книгата „Бајки од Македонија“ е во издание на „Арс Ламина“, која е партнер во проектот заедно со Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.
Идејното решение на Николовска беше избрано во конкуренција на 38 пристигнати илустрации од млади дизајнери.
Ново на Сител
-
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
-
Охридско лето денес слави 65 години роденден
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна