Братот на Џорџ Флојд раскажа каков разговор имал со Трамп
Филонис Флојд, братот на од полицијата убиениот афроамериканец Џорџ Флојд, причина која што предизвика масовни протести и немири низ Америка, изјави дека разговарал како со претседателот Доналд Трамп, така и со претседателскиот кандидат Џо Бајден, но дека разговорот со Трамп бил „многу брз“.
-Тој не ми даде можност ниту да зборувам, беше тешко. Се обидов да разговарам но тој постојано, некако ме одбиваше, како „не сакам да чујам што сакаш да кажеш“, изјави Флојд синоќа за Ем-ес-ен-би-си
Тој додаде дека од претседателот побарал правда, „му реков дека не можам да верувам дека тие извршија модерно линчување среде бел ден“.
Флојд укажа дека во разговорот со Џо Бајден, побарал демократскиот претседателски кандидат да ја изнесе правдата за неговиот брат
Претседателот Трамп вчера в Белата куќа изрази длабоко жалење за смртта на Џорџ Флојд.
-Зборував со членови на неговото семејство, одлични луѓе, изјави Трамп, но не одговори на повикот да открие детаљи од разговорот со братот на Флојд.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден