Бизнис
31. May 2022 - 19:38

„Брако“ и „Грин Машинс“ на ИФАТ саемот во Минхен

Еко возилата на велешки “Брако” претставени во Минхен. На водечкиот европски саем од областа на еколошките технологии, посетителите и компаниите ги видоа четирите најнови модели од кои три се електрични, а едно е на погон на водород, кое е единствено на пазарот во светски рамки.

Возилата под брендот “Грин Машинс“ се употребуваат за чистење на надворешни површини. Комплетно се произведуваат од инжинерскиот тим на “Брако” и се извезуваат и продаваат речиси низ целиот свет.

“Во последните две години ’Брако’ вложи многу во развој на овие возила и како резултат на тоа денес имаме целосно еколошки штанд каде што претставуваме четири возила, од кои три се електрични, а едно на погон со хидроген и како такво се уште е единствено на пазарот и во таа смисла сме светски лидери во овој сегмент”

Од компанијата велат дека интересот за нивните возила е голем и дека поставуваат нови стандарди кога се во прашање иновативните решенија.

„Брако“ се смета за една од најнапредните технолошки компании и се вбројува меѓу најголемите извозници, со дури 95 отсто од производството наменето за странските пазари.