Браќа во прегратка заминаа во смрт: Тажната судбина на Никола и Стефан го расплака регионот
Две дечиња од Рача кај Крагуевац се удавија во неделата во Сребреното езеро, кога испаднале од педалинката која ја изнајмиле со другарите. По 24-часовната потрага нуркачите од српската Жандармерија ги пронајдоа телата на Стефан(14) и Никола(13). Несреќниот татко Александар Петровиќ бил нем од болка, а се било толку потресно што дури и еден од нуркачите заплакал.
Прво е пронајдено телото на помалиот Никола околу 14:50 часот. Телото на неговиот брат Стефан пронајдено е еден час подоцна. Во меѓувреме започнала истрагата за околностите на оваа страшна трагедија која се случила во неделата околу 14:30 часот.
- Шест ученици изнајмиле една педалинка, додека четворица биле на друга. Отишле на другиот крај на езерото и таму Стефан Петровиќ, кој се наоѓал на педалинката на која имало шест деца, се обидел да се префрли на другото пловило. Тој се лизнал, паднал, притоа најверојатно удрил со главата во педалинката и паднал во езерото. Неговиот брат Никола скокнал по него, го прегрнал и се обидел да го извлече, но никој од нив не излегол на површината, вели извор близок до истрагата, а пренесува српски Телеграф.
Полицијата ја истражува одговорноста на Зоран Јовановиќ, директор на училиштето „Караѓорѓе“ од Раца со кого децата отпатувале на фудбалски турнир, како и на тренерот со кого децата по натпреварот отишле на Сребреното езеро. Тие во полицијата изјавиле дека не се одговорни што децата биле без надзор.
- Пловило не може да изнајми малолетник без придружба на возрасен. Истотака задолжително е во педалинката да има елек за спасување, што според зборовите на сведоците во овој случај го немало. Додека некои го почитуваат правилото и не пуштаат деца и пијани на педалинките, некои не го почитуваат ова правило, вели локално официјално лице.
Полицијата се уште не поднела кривични пријави против директорот на училиштето и тренерот. Доколку се утврди дека е сторено кривично дело од небрежност, им се закануваат три години затвор, во случај на тешки телесни повреди и смрт до 8 години затвор.
Ново на Сител
-
Прекин во водоснабдувањето на повеќе улици во Општина Карпош
-
Сообраќајот по влажни коловози и кашест снег, забрана за камиони на неколку патни правци
-
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег
-
Ристески: Покачувањето на плата на јавната администрација треба да биде во контекст со подобрување на економската состојба во Македонија
-
Ме боли кога луѓе кои не ме знаат зборуваат невистини за мене | Давид Давидовски | Sitel Podcast 078
-
Германскиот кабинет планира да и дозволи на армијата да соборува нелегални беспилотни летала
-
Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци
-
Мицотакис преку писмо до Фон дер Лајен бара да се најдат брзи решенија за цените на енергијата во ЕУ