Браќа по млеко: Си ги дои двете и своето и на пријателката
Џесика Ен Колети (26) од Пенсилванија на социјалните мрежи сподели фотографија од тоа како ги дои заедно својот 16-месечен син Лусијан и неговиот 18-месечен пријател Матео.
Момчињата ги нарече „браќа по млеко“. Таа е домаќинка и го чува Матео кога мајката му оди на работа.
-Го дојам од неговиот петти месец. Некако ми е логично да го третирам како свој син бидејќи се врсници, им објасни Џесика на критичарите.
Мајката на Матео Чарли Интеранте (25) го доела првите месеци, по што почнала да му дава адаптирано млеко зошто морала да се врати на работа. Кога Џесика и понудила да го дои и нејзиното дете таа се воодушевила.
Во меѓувреме тие двете станале најдобри пријателки. Џесика вели дека се чувствува и посебната љубов меѓу момчињата.
-Тоа е посебна врска, заклучи Џесика/
Свестската здравствена организација препорачува млеко од други здрави доилки доколку мајката не може да дои.
Холивудската актерка Салма Хајек во 2009 година предизвика контроверзи кога доеше новороденче во Сиера Леона во текот на нејзината хуманитарна посета.
-Бебето беше здраво, а мајката немаше млеко. Детенцето беше многу гладно. Тогаш ја доев мојаа ќерка и помислив зошто да не и тоа кутро дете, објасни подоцна актерката.
Ново на Сител
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител