Живот
4. February 2016 - 10:14

Брадестите мажи би можеле да спасат милиони животи

Сите оние кои имаат подолга брада знаат дека ако не ја одржуват по некое време тоа може да им штети на нивното здравје.

Но, сега научниците открија дека тоа можеби и не е воопшто лошо за луѓето. 

Имено, група британски научници во низа тестирања откриле дека бактериите од човечката брада можат да содржат своевидни антибактериски својства кога ќе бидат изложат на многу отпорни болести, пишува „Метро Е. Коли“.

Некои инфекции се често отпорни на поголемиот број на лекови, па таквите болести би можеле да убијат 10 милиони луѓе до 2050 година ако не се пронајдат делотворни лекови. 

Но, сега мажите со долги бради би можеле да бидат тајното оружје во борбата против нив. Од стотини бактерии кои се извадени од 20 бради, една четвртина покажале делотворно дејство против многу отпорни болести. 

На научниците сега им преостана да пронајдат начин како да го применат дејството на бактериите од брадите за лекувањето на луѓето.