Божовиќ вторпат во тимот на колото на ЛШ
Најдобриот ракометар на Металург, Јанко Божовиќ е дел од идеалниот тим на 4.коло во Лигата на шампионите, според изборот на ЕХФ.
Десниот бек на Металург вчера на гостувањето кај данскиот вицепрвак Скјерн постигна 11 голови, но не му помогна на својот тим да се спаси од пораз (19:20). Ова е помалку чудно особено што Кирил Лазаров постигна 12 гола за Барселона против Монпеље без промашување, а играат на истата позиција.
Идеални седум за 4.коло според ЕХФ:
Голман: Никлас Ландин (Кил),
Десен бек: Јанко Божовиќ (Металург)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Централен бек: Габор Часар (Шафхаузен)
Лево крило: Андерс Егерт (Фленсбург)
Десно крило: Дарко Ѓукиќ (Бешикташ)
Пивот: Алберт Кристеску (Баја Маре)
Ова е вторпат како Божовиќ се наоѓа во идеалниот тим оваа сезона. Претходно, тој беше меѓу најдобрите во 2.коло кога Металург го победи Кадетен Шафхаузен. Божовиќ воедно е и на делба на првата позиција на листата на стрелците заедно со Хансен имаат постигнато по 35 голови. Лазаров на листата на стрелци е на делба на 5.место со 28 голови со Малмагрo од Ла Риоха.
Ново на Сител
-
Банките доброволно да ги намалат провизиите или државата ќе ги регулира надоместоците
-
Се следи состојбата со цените на пазарот
-
Трамп не се согласува со американските разузнавачи за штетата врз нукеларните капацитети на Иран
-
Доживотна казна затвор за убиството на Вања и Панче, ослободителна пресуда за Ѓорчевски
-
Инфраструктурни и медицински проекти на Детската клиника
-
НАТО Самит во Хаг
-
Славески препорачува намалување на банкарските провизии
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП