Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска бара, во најкус можен рок Бирото за метрологија да ја стави во функција софистицираната опрема за тестирање и верификација на броилата, која поради неажурност во претходните години останала неискористена и не била ставена во функција.
Како што соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини станува збор за машина, трофазен систем за мерење на електрична енергија и моќност, која повеќе од седум години, неупотребена, е депонирана во подрумските простории на Бирото.
-Со ставањето во употреба на оваа опрема, крајна цел е, освен верификација на мерилата, и да се испитува исправноста на мерилата по жалба на потрошувач, за која Божиновска инсистира да биде спроведувана и заради честите поплаки и барања од граѓаните. Активно работиме на воведување системски решенија кои ќе ја зголемат заштитата на граѓаните и ќе обезбедат поголема транспарентност и контрола врз мерењето на потрошената енергија, наведува Министерството.
Минатата недела Божиновска, при посетата на Бирото за метрологија, изврши обиколка на опремата со цел да се утврди нејзината состојба. Веднаш беа дадени насоки да се почне со сите потребни активности за нејзино итно активирање по што доби уверување од раководството на Бирото дека веднаш ќе се распише потребниот тендер за проверка на функционалноста, инсталација и пуштање во употреба на опремата, како и обука на вработените, по што ќе може да започне со проверки на броилата.
-Со оваа мерка, граѓаните ќе добијат можност за независна проверка на исправноста на своите броила, директно во државна институција. Ова ќе овозможи секој сомнеж за неправилно фактурирање да се провери со прецизни и официјални мерења, при што граѓаните ќе добијат јасен и недвосмислен одговор за состојбата на нивниот инструмент. Истовремено, ова ќе претставува дополнителен механизам на контрола врз компаниите кои ги инсталираат и одржуваат броилата, со што ќе се обезбеди поголема правичност во наплатата на потрошената енергија и ќе се намалат можностите за неправилности, подвлекува Министерството.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути
-
Унгарија ја тужи ЕУ за користење на каматата од замрзнатите руски средства за помош на Украина
-
Еден починат и тројца повредени во сообраќајка кај Градско
-
Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти
-
Во изминатото деноноќие приведени три лица за управување со возило под дејство на алкохол