Божиновска: Кажав дека СДСМ и ДИК забиваат нож на демократијата
Валентина Божиновска, која синоќа се обрати на собирот пред Државната изборна комисија, ги демантира пишувањата дека во говорот споменала „ноќ на долги ножеви“.
- Најостро ги демантирам и категорично ги отфрлам извадените зборови од контекст од мојот вчерашен говор. За жал, тие што не го читале Анте Поповски и останатите македонски поети, не знаат за што станува збор. Во ниту еден момент не спомнав „ноќ на долги ножеви“, напротив зборував дека СДСМ и ДИК подготвуваат и забиваат нож на демократијата и на силната волја и слободниот избор на граѓаните на Р. Македонија кои одлучија на предвремените парламентарни избори, вели Божиновска.
Повикував, додава Божиновска, на разум, а не на насилство, за жал само неуки и злобни луѓе можат да помислат дека моите зборови се повик за пресметка и да ја испревртат вистината.
- „Еве пример од поезијата на Анте Поповски:
„Долу по полено, по врбацине, до срцево
Сѐ е така и ноќ и нож в плеќи забиен,
Не ме уплашија векови со нож в туѓа рака
Ме плаши час со ноќ од рака своја в плеќи. “
„Елате момци црни мажишта, дечишта, чакали, орли од сите угари од сите добрави сите дедовци и сите колена,
Елате Да се збереме да се видиме,
Останало в крв уште од века нешто ни една лута змија в земи,
не ќе го исцица ни една тревка ни еден корен не ќе го исцица што ќе остане да ја храни оваа црна и проклета да раѓа бериќет маштија и немаштија.
ДА ВИДИМЕ КОЈ ЌЕ НИ БИДЕ ЦАР, КОЈ БОГ, КОЈ ЧПИУН ЌЕ НИ БИДЕ.“
- Секаква паралела се работи за свесна кампања за оцрнување од страна на СДСМ, бидејќи тоа е нивниот урнек на однесување, смислување и реализирање црни сценарија, наведува Божиновска во пишаната реакцијата.
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро