Божиновска: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика
Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Прага одржала работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки и со директорот за нови енергетски технологии Јан Прашил. Разговорите биле фокусирани на конкретни инвестиции во македонскиот енергетски сектор, модернизација на капацитетите на АД ЕСМ и можностите за финансирање на капитални проекти од страна на чешката Влада.
Како што соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска истакнала дека македонската Влада е посветена на стратешко партнерство со Чешка и на реализација на проекти што ќе ја забрзаат транзицијата кон одржлива енергетика.
- Во Чешка имаме стабилен партнер кој не само што има интерес, туку и конкретна подготвеност да поддржи инвестиции во македонскиот енергетски сектор. Разговаравме за директни вложувања, како и за можности за поволно финансирање на големи инфраструктурни проекти со чешки компании. Модернизацијата на капацитетите на АД ЕСМ е еден од приоритетите, а токму во овој сегмент чешките компании имаат сериозен капацитет и експертиза, изјавила Божиновска.
Од чешка страна била истакната подготвеноста за долгорочна поддршка, не само преку инвестиции, туку и преку финансиски инструменти што ќе обезбедат поволни услови за реализација на проектите. Директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки, потенцирал дека Чешка гледа конкретни можности за стратешка соработка.
- Чешката Влада е подготвена да поддржи македонски енергетски проекти преку инвестиции и поволни финансиски механизми. Особено сме заинтересирани за соработка во делот на модернизацијата на енергетските капацитети и имплементацијата на нови технологии кои ќе придонесат за стабилност и одржливост, изјавил Мурицки.
Божиновска на средба со Мурицки и Прашил: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика
Директорот за финансии на АД ЕСМ, Иван Стојановски, нагласил дека новиот инвестициски циклус во обновливи извори е клучен за забрзување на зелената енергетска трансформација.
- За нас е исклучително важно да обезбедиме соработка со искусни партнери како Чешка, кои можат да помогнат во имплементацијата на одржливи технологии и да овозможат стабилни финансиски услови за нашите инвестиции, рекол Стојановски.
Ново на Сител
-
Стојановски: Состојбата на повредените пациенти во ГОБ „8 Септември“ е стабилна
-
Затворени три дискотеки бидејќи не ги исполнувале условите - „Ќе им бидат изречени сите максимални казни", вели Митева
-
Утре во Штип, Кочани, Облешево и Скопје ќе биде погребот на починатите во пожарот
-
Кочанскиот суд го продолжил притворот од 48 часа за десет лица, за шест се одлучува
-
Домот на Советот на градот Перт прекриен во боите на македонското знаме
-
Во Делчево одржан академски час за загинатите во несреќата во Кочани
-
Утре и во петок сончево и потопло, викендот облачно со локален дожд
-
Приведени три лица за кражби во куќи во Прилеп