Македонија
17. December 2016 - 9:28

Божикна приредба за поддршка на деца со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром

Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“ и Германскиот јазичен центар организират Божикна приредба, која традиционално ќе се одржи денеска во Веро Центар.

Настанот е поддржан од страна на првата дама на Република Македонија,  Маја Иванова, и на него 100 учесници на возраст од 4-14 години ќе пеат, рецитираат и глумат на германски и македонски јазик.

Германскиот јазичен центар и Здружението „Во мојот свет“, преку овој настан имаат за цел да ја подигнат свеста на јавноста за поддршка на децата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром, како и можностите за нивна инклузија во нормалниот образовен процес.