Божикна честитка од Бигорскиот манастир
Композиторот Владимир Димовски, пријател на Бигорскиот мманастир и соработник во музичките проекти, направи оркестрација на традиционалната божикна песна „Вечниот Бог“, на иницијатива на игуменот на манастирот, архимандрит Партениј.
- Првпат кај нас овој карактеристичен напев беше прилагоден и за инструментална изведба. Притоа, вешто доловувајќи го нејзиниот богат источно-византиски православен мелос, нашите естрадни уметници Тамара, Елена, Стефан од „Некст тајм“ и Димитар, а во соработка со Македонската филхармонија, направија прекрасна композиција која е своевидна божикна честитка до благоверниот народ, за која беше изготвен и видеозапис, информира Македонската филхармонија.
Спотот го подготви „Горила продукција“ чија екипа, како што информира Филхармонијата, за само два дена направила чудесен приказ на празничната божикна атмосфера во свештената Бигорска Обител, како извонредно надополнување на пораката за љубов и духовна радост што извира од стиховите.
Дел од костимите ги изработи Елена Пандева од модната куќа „Елена Лука“, долгогодишна соработничка на Бигорскиот манастир. Во проектот учествуваа и изведувачите на традиционални инструменти - Константин Секолуск (ут) и Хустреф Саид (канон).
Ново на Сител
-
Прилепчанец приведен за тешка кражба
-
Тешко повредени мајка и нејзините две деца откако нејзиниот вонбрачен партнер ги исфрлил од возило
-
Загина 27-годишен мотоциклист по сообраќајка на патот Охрид - Св. Наум
-
Зеленски ќе патува во Саудиска Арабија додека европските лидери одржуваат состанок за одбраната
-
Уапсен малолетник во Аеродром, се шетал со боксирач
-
Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“
-
Калас: Русија не е заинтересирана за мир
-
Маж со палестинско знаме се качи на Вестминстерската палата