Божиќен концерт во битолската Католичка црква „Пресвето срце Исусово“

Здружението на Хрвати од Република Македонија, огранок во Битола, вечер организира традиционалниот Божиќен концерт на кој годинава ќе учествуваат младинскиот женски хор на КУД „Стив Наумов“-Битола и членови на Заедницата на хрвати кои учествуваа во наставата на хрватски јазик во Македонија.
Според програмата, младинскиот женски хор под диригенство на Љубо Трифуновски ќе изведе дела македонски и странски композитори, уметникот Дарко Кулевски на хармоника ќе го изведе делото на Семјонов „Слики од ренесансата“, а со соло гитара ќе настапи Андреја Чукалкова која ќе исполни Божиќна песна.
- Католичката Црква „Пресвето Срце Исусово“ е место каде што го славиме Христовото раѓање, каде што ја одржуваме традицијата и каде кон Здружението на Хрвати се приклучуваат и други битолчани. Благодарни сме што новиот жупник Дон Паво Шекерија ја препозна иницијативата и се заложи за реализацијата и на годинешниот Божиќен концерт во Битола, соопштија организаторите на вечерашниот културен настан во овој град.
Ново на Сител
-

Сирени се огласија во воздухопловната база Инџирлик, во Турција, што ја користи НАТО
-

Најстудено утрово во Берово, 58 сантиметри снег на Попова Шапка
-

САД дозволија привремени купувања на руска нафта заглавена на море
-

Во Струшко изречени 57 санкции за сообраќајни прекршоци, приведено едно лице, а одземено е и едно возило
-

Вооружен маж е убиен откако со возило влетал во синагога во Вест Блумфилд, во околината на Детроит
-

Трамп упати нова закана до Иран: Внимавајте што ќе се случи денеска
-

Мицкоски во Кочани на почеток на изградба на две улици и на увид на градежни активности
-

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
