Боздаг: Европскиот суд нема право да решава по жалби за референдумот во Турција
Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави денеска дека Европскиот суд за човекови права нема јурисдикција да носи одлуки по жалби поднесени во врска со референдумот во Турција за проширување на овластувањата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) вчера соопшти дека може да поднесе жалба со барање за поништување на референдумот до Уставниот суд во земјата или до Европскиот суд за човекови права.
Партијата ја најави својата жалба откако Високата изборна комисија ги отфрли нејзините и приговорите на уште две други партии - Демократска партија на народите и Татковинската партија, против резултатите од референдумот.
Опозицијата изрази остри критики од одлуката на изборната комисија, која е усвоена во последен момент на денот на гласањето, да ги прифати како валидни гласачките ливчиња без официјален печат на нив.
Ново на Сител
-
И Филипче бара од Бугарија да нема нови барања за македонскиот идентитет
-
Владата отвора телефонска линија за барањата и потребите на повредените во Кочани и нивните семејства
-
Поголемо внимание и прилагодена брзина на патиштата за безбедност во летната сезона
-
Внимателно со барањата за високи плати, да не вивне инфлацијата!
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вози Ауди Q8 купен од газда на фирма која набавуваше 3 пати поскап јаглен
-
СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година
-
Заврши изградбата на пречистелната станица во Дојран
-
За продолжениот викенд Охрид исполнет со гости