Боунханг Ворахит избран за претседател на Лаос

Со големо мнозинство гласови, Парламентот на Лаос денеска го избра Боунханг Ворахит за претседател на државата.
Боунханг во јануари годинава беше избран и за претседател на Комунистичката партија на Лаос (КПЛ), која е на власт во државата од 1975 година.
Според аналитичарите, статусот кво на владејачкиот систем во оваа седум милионска држава е добар потег за Лаос, бидејки една од најмалку развиените економии во југоисточна Азија под раководство на КПЛ остварува годишен раст на БДП со стапка од седум отсто.
Светска Банка мошне позиивно ги оценува економските потези на досегашните власти, бидејки само за 10 години вкупниот БДП од шест е зголемен на 11,9 милијарди долари.
Најновата светска историја го третира Лаос како држава на чија територија било извршено најголемо бомбардирање. За време на Виетнамската војна од 1964 до 1975 година во змејата биле исфрлени над два милиони тони бомби.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
